„Авалон продукција“ одбележува 25-годишен јубилеј

Од:

Со концерти на уметници од Македонија и од странство „Авалон продукција“ одбележува 25 години од своето постоење.

– Во рамки на јубилејот, подготвивме исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена. Концертната сезона ја стартувавме кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на „Тото“, во април со концертот на Јосипа Лисац, соопшти „Авалон продукција“.

„Авалон продукција“ е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани. Основана е во Скопје во 1993 година.

Во дваесет и пет децении постоење, „Авалон продукција“ има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи, но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за „Авалон“ се „Леб и сол“, Тоше Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, „Мизар“ и многу други. Доминантна дејност на „Авалон“ од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа. Во десетгодишната работа со најистакнатите светски букинг агенции, „Авалон“ ужива статус на прв купувач за територијата на Македонија и Србија, и тоа кај најголемите агенти во светската музичка индустрија.

„Авалон продукција“ во изминатите осум години организирала настапи на повеќе од 300 светски и регионални изведувачи за публика од преку 700.000 посетители во четири земји од регионот.

Би можело да ве интересира

„Авалон“ без поддршка од Министерството за култура

Ана Ололовска

Влатко Стефановски трио ќе настапи на фестивалот All You Need Is Love 2018

Наум Локоски

Признание за придонес во туризмот на „Авалон продукција“

Наум Локоски

Одбележани 70 години од првата стихозбирка на Конески и 25 години од неговата смрт

Наум Локоски