Влатко Стефановски трио ќе настапи на фестивалот All You Need Is Love 2018

Од:

Најдобриот македонски гитарист, Влатко Стефановски со своето трио ќе настапи на фестивалот All You Need Is Love, кој ќе се одржи на 23 декември во ВИП Арената.

Од Авалон најавуваат дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Џибони, кој е хедлајнер на овој фестивал.

Влезниците за настанот ќе бидат пуштени во продажба во среда, 31 октомври, преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон. Цената за партер е 700 денари, фан пит 1000 денари, silver seats 1000 денари, golden seats 1200 денари, а ВИП влезниците чинат 200 денари.

Организаторите најавија дека во текот на наредната недела ќе бидат соопштени уште две имиња кои ќе настапат на фестивалот, а се во млади сили на македонскиот рокенрол.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски по 40 години во МКЦ

Ана Ололовска

Влатко Стефановски награден со најголемото дискографско признание во Хрватска

Влатко Стефановски Трио на Антички Театар во Охрид

Ана Ололовска

Влатко Стефановски на регионална турнеја

Ана Ололовска

На летната сцена на Кинотека ќе се проектира концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“

Жарко Настоски

Албумот „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски номиниран за Европската награда Импалина

Ана Ололовска