А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба

by А1он21/01/2013 - 15:2121/01/2013 - 16:16211
Share0

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ја прифати покана за средба што денеска му ја упати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски.

Добивај вести на вибер

– Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат  граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјат а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.

Македонија, додава лидерот на СДСМ, на патот за остварување на своите стратешки цели во ниту еден момент како држава не смее да ги поставува под знак прашање основните цивилизациски достигнувања и деморкатски развој, кои претставуваат столб за секоја модерна и интегрирана држава.

– За жал денес во нашето општество се уште се отворени дилемите за начинот на кој се остваруваат основните човекови слободи и права, практицирањето на демократијата, владеењето на правото како темелна вредност, економскиот развој, животниот стандард како и меѓународните позиции на Република Македонија, истакнува Црвенковски. Додава дека СДСМ во изминатиот период во неколку наврати потенцирал, особено заради новонастанатата ситуација, дека е неопходно да се направат напори за излез од истата преку постигнување политички договор кој ќе ја врати Македонија на вистинската насока.

Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски по вчерашната најава за можна лидерска средба, денеска го покани претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски да се сртенат и да разговараат за актуелните политички состојби во земјава.

Според предлогот на премиерот Груевски, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на СДСМ на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

– Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна, истакнува Груевски во поканата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Катерина Ѓуровски14/11/2025 - 11:24

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:5013/11/2025 - 14:39

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:40

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 11:49

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 12:11

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 12:4011/11/2025 - 12:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен