ВИДЕО: Смарт-лулка за помирен сон кај бебињата

Од:

Универзитетот МИТ создаде тн. смарт-лулка која, штом бебето почне да плаче, почнува самата да се лула и така го заспива.

Колевката е наменета за новороденчиња помали од шест месеци. Во пакетот има и ќебе со посебни лепенки што го прицврстуваат бебето, за да не може да се тркала во креветчето, и да спие помирно.

– Лулањето како „ритмичко движење“ е смирувачко за секого, а посебно за бебињата, објаснува д-р Харви Карп, човекот од кого потекна оваа идеја.

„Ова ќе им помогне и на родителите да спијат помирно и без вообичаените прекини… Сепак, смарт-лулката нема да го нахрани бебето, или да го пресоблече. Тоа си останува ваша работа“, се шегува Карп.

Цената на овој изум изнесува 1.150 долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска