Јахјага и Николиќ ќе се сретнат на крајот од февруари

Од:

Средбата на косовската претседателка Атифете Јахјага и нејзиниот српски колега Томислав Николиќ се очекува да се случи во февруари или на почекот на март.

Ова за радио телевизија Косово, го потврди Рамуш Тахири, советник на косовската претседателка. Според него датумот за нивната средба е определен, но може да има поместувања од страна на меѓународните претставници.

Двајцата претседатели ќе се сретнат, додава Тахири, за да се зајакне дијалогот меѓу Косово и Србија.

-Во текот на месец февруари или во првата половина на март ќе има средба, но може датумот да претрпи измени од страна на меѓународните претставници. Ќе се разговара за делот на дијалогот меѓу двете земји. Претседателите немаат можност да отворат нови пршања, туку да придонесат во интензивирање на дијалогот околу веќе отворените прашања,изјави Тахири, пренесува онлајн изданието на приштинска „Коха диторе“.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор