(ВИДЕО) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, а сега е пред портите на ЕУ и НАТО

Од:

Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а сега сум тука во период кога Македонија се обидува да се интегрира во евроатлантската алијанса.

– Во 2001 година во Македонија имаше длабока поделба помеѓу народите и голема можност за поделба на државата, но благодарение на Рамковниот договор и одлуката на тогашните политички партии, тоа не се случи, рече Робертсон.

Како што кажа Робертсон, групата „Охрид“ ќе ѝ помогне на Република Македонија успешно да влезе во ЕУ и НАТО.

– Го избравме името на групата да биде „Охрид“, бидејќи овој град претставува единство во земјата, рече Робертсон по што додаде дека сите членови од групата се големи пријатели на Македонија.

Тој истакна дека оваа група нема да се меша во внатрешната работа на земјата и дека ќе бидат отворени и за власта и за опозицијата.

– Не сме тука да даваме лажни ветувања. Важно е Македонија да донесе добра одлука, која можеби нема да биде толку популарна, но ќе биде исклучетелно важна за идните генерации, рече Робертсон.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, не сакаше да ја коментира одлуката на Кривичниот суд од пред две недели, да бидат ослободени обвинетите за убиството на тројцата полицајци кај Арачиново од 2000 година, по што кажа дека земјата не треба да се навраќа назад, туку треба да гледа напред.

Робертсон, исто така кажа дека решението за спорот за името со Грција ќе го остави на двете држави и дека нема да се меша во одлуката.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа

Руте: Земји како Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат силно погодени од секундарни санкции