Воведена нова автобуска линија со број 163

Од:

На барање на граѓаните и на општина Гази Баба, ЈСП „Скопје“ од денеска воведе пробно возење на новата линија со број 163, со мини автобус. Релација на линијата е од село Драчево до општина Илинден.

Трасата на движење е од Драчево, по улицата „Китка“, населбата Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино и општината Илинден. Во обратна насока се движи по истата траса.

Линијата ќе сообраќа само во работни денови. Автобусот ќе поаѓа од селото Драчево во 6:15; 14 и 15:30 часот. Поаѓањето од општината Илинден е во 07; 14:45 и 16:15 часот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски