Општина Богданци заедно со компанијата „Суниленс“ почна со собирање на искористено масло за јадење.
– Интересот за акцијата е голем, посебно кај угостителските објекти. Затоа компанијата почнувајќи од денес и во текот на наредните денови ќе достави дополнителни садови за собирање на отпадното масло за јадење. Заинтересираните заедно со садовите добиваат и податоци за контакт со фирмата и упатство како да го соберат маслото, информира градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.
Заинтересираните садовите може да ги подигнат во зградата на општина Богданци.
За предадени шест литри искористено масло за јадење угостителските објекти и граѓаните ќе добијат по еден литар масло за јадење.