Македонија ја очекува дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ

Од:

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар.

Како што вели за МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите.

– Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот.

Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец.

Земјава во последниов период е ставена на листата за извоз во ЕУ на говедско, пилешко, овчо и козјо месо, јајца, млеко и рибини производи.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Се зголеми кинескиот извоз

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо