Се уште неизвесно дали инцидентот во Торонто е терористички акт

Од:

Напаѓачот Алек Минасиан, кој вчера со комбе удри во група пешаци во Торонто, при што загинаа десет луѓе, а 15 повредени, денеска ќе се појави пред суд. Против него ќе биде покренато обвинение.

Заменик шефот на полицијата во Торонто, Питер Јуен изјави дека не може да каже која била причината или мотивот за нападот.

При апсењето 25-годишниот Минасиан тврдеше дека има пиштол и бараше од полицајците да го убијат.

Јуен посочи дека продолжува истрагата за инцидентот.

Нападот се случи вчера во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза. Возилото било изнајмено од компанијата „Рајдер систем“.

Очевидец на настанот изјави дека „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад.

Неименуван извор од безбедносните служби на САД изјави дека претпоставуваат оти мотивот на напаѓачот е тероризам.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто