Шилегов: Лажни се тврдењата за платата на директорот на ЈП „Улици и патишта“

Од:

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенко Смаиловиќ има основна плата од 55.000 денари исто како и неговиот претходник, информира денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Она што излезе во јавноста е пресметка за ноември и декември што заедно ги има примено во јануари. Не знам зошто некој сакаше да крои лаги со цел некого да дискредитира човек што неуморно работи, рече Шилегов во одговор на прашање по засадувањето на дрворед на булеварот „8 Септември“.

Тој посочи дека новиот директор на ЈП „Улици и патишта“ кога стапил на функција го затекнал Јавното претпријатие со долг од преку 150 милиони денари и три заостанати неисплатени плати на вработените. Сега, како што кажа, сите плати на вработените се исплатени, а на луѓето кои работат на улица дури и им се зголемени, а воедно долгот е намален на 90 милиони денари.

Нагласи дека град Скопје сега води сметка за секој денар и додаде дека цените кои се постигнуваат во јавните набавки се неколкукратно пониски од претходно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он