По вчерашното отстранување на споменикот, Албанците протестираат на плоштадот во Прешево. Ситуацијата е мирна, плоштадот е полн со луѓе, а нема зголемено присуство на полицијата.
На местото на отстранетиот споменик, сега се наоѓа импровизиран простор заграден со трака за положување цвеќе. Иако беше најавен протестен марш, тој е откажан и само се одржува собир на плоштадот.
Дел од интелектуалците во Прешево им замерија на албанските локални лидери за „мекиот став кон властите во Белград“. И тие сметаат дека Белград со насилното отстранување на споменикот ја испуштил шансата за компромис поради што најавија дека преку меѓународната заедница ќе се борат за своите права.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ порача дека нема прочина за протести со голед дека споменикот е отстранет, а не е уништен, и дека се поминало без инциденти.
Тој рече дека не верува дека ветераните на Ал Каеда во САД или тие што изведоа терористички акции во Лондон се прашуваат дали ќе постават некој споменик.
„Хашим Тачи сака да постави свои цариници на Косово, морало да се почитуваат законите на Косово, а сега кога треба да се почитува законот на Србија, ајде да преговараме. Нема преговори со терористи, тоа не научија од Запад“, рече Дачиќ.