Во Полициската станица во Тетово, Џ.И.(47) од село Челопек синоќа пријавил дека околу 22,05 часот на регионалниот пат Тетово-село Брвеница, во близина на надвозникот за село Брвеница, непознат сторител движејќи се со патничко возило, испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на хотелот „Ројал“, инаку негова сопственост.
Излезено е на местото на настанот, пронајдени се шест чаури од пиштолска муниција, додека од пукањето оштетени се влезната врата, страничните стакла и ѕидовите од внатрешноста на хотелот.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.