СДСМ: Здрава животна средина и чиста вода за сите

Од:

„Предводени од заложбите за обезбедување на чиста и здрава вода за пиење за сите граѓани и чиста и здрава животна средина, Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски влегуваат во реализација на значајни инвестиции во комуналната инфраструктура низ целата држава.

Во почетна или завршна фаза се вкупно 31 проект за изградба или реконструкција на водоводи, канализации и пречистителни станици, проекти во вредност од скоро 17 милиони евра.

Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата работи на рамномерен развој и изградбата на планираните канализациони и водоводни системи ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните. Битола, Гевгелија, Велес, Гостивар, Струга, Куманово, се дел од 31 општина, односно населено место кадешто оваа година ќе бидат завршени изградби и реконструкции на водоводи, канализации и пречистителни станици, преку кои ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Преку сериозна поддршка на Министерството за транспорт и врски, Владата предводена од СДСМ продолжува да инвестира во комуналната инфраструктура, а целта е процентот на покриеност со канализација од сегашните 18% да достигне 40%.

По инвестицискиот циклус од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ државата, инвестициите во комуналната инфраструктура се уште еден сериозен проект на Владата предводена од СДСМ преку кои се унапредува квалитетот на живот, се поттикнува развојот на општините, а истовремено се заштитува животната средина.

Обезбедувањето на чист воздух, здрава животна средина и чиста вода за пиење за сите граѓани останува врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата