Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека забранила објавување на реклами на рускиот производител на компјутерски антивирус програми „Касперски Лаб“ на нејзината социјална мрежа, затоа што неговиот деловен модел ги прекршува правилата на платформата.
Во соопштението на „Твитер“ се наведува дека постојат сомнежи оти „Касперски“ е поврзан со руските разузнавачки агенции.
– Одлуката ја донесоваме затоа што сме уверени дека „Касперски Лаб“ работи со користење на деловен модел, со кој суштински се прекршува прифатената деловна пракса на Твитер, се истакнува во соопштението.