Во чешкиот град Прибор, во источниот дел на државата во пожар кој избувна во пензионерски дом, две лица загинале, а најмалку четворица се повредени, јави дописникот на МИА од Прага.
– Причините за пожарот се уште не ни се познати. Полицијата и пожарникарската служба се наоѓаат на местото на настанот, изјави полицискиот портпарол Петр Грес.
Според достапните информации, пожарот избувнал рано изутрината во еден од становите на домот, во кој е пронајден мртов човек. Втората жртва, жена починала на патот до болница.