Потресна исповед на Американка која што мажот ја одвел во ИД: Гледав како силува 14-годишно девојче

Од:

„Си-Ен-Ен“ во репортажа за Сирија ја објави и приказната за Саманта Сали, жена која се придружила на борците на Исламска држава, каде што станала сопруга на еден од нив. Според неа, животот во калифатот подразбирал редовни силувања, мачења и снимање на пропагандни видеа за ИСИС.

Се почнало со годишен одмор во 2014 година, кога со сопругот Муса Елхасани отишле во Хонг Конг. Тие двајца планирале да се преселат во Мароко и да започнат нова страница во животот.

За време на нивното патување, имале непријатна ситуација на турско-сириската граница, на ивицата на територијата на Исламска држава. Сали била со нејзиниот сеудмгодишен син, а Муса со нивната мала ќерка. Војниците на ИД ја натерале да бира или со сопругот да се приклучат на ИСИС и така да ја спасат нивната ќерка или ќерката да ја предадат на ИСИС за да го спасат синот. Таа изјави дека приклучувањето на ИД со нејзиниот сопруг било единствен начин за да ја спасат ќерката.

– Можеби никогаш веќе немаше да ја видам својата ќерка и како би живеела сама со себе знаејќи дека сум ја испратила таму, се сеќава Сали, која новинарите ја посетија во сириско-курдски притвор, каде што се наоѓа со своите деца откако беше уапсена заедно со припадниците на ИД.

Таа е сигурна дека веќе никогаш нема да може да отиде во САД.

Нејзината приказна започнува во Елкхарт во Индијана, каде што со сопругот Елхасани работела во фирма за достава. Живееле со синот од нејзиниот прв брак со еден американски војник и со нивната ќерка Сара, од вториот брак.

Нивниот брак бил далеку од совршен, бидејќи Елхасани ја изневерувал и често се карале. Тој предложил да одат во неговата родна земја, Мароко, каде што Сали ќе може да направи операција на коленото и да започнат од почеток.

Таа вели дека оваа одлука ѝ изгледала добро, па заедно отишле во Турција каде што Муса ѝ купувал поклони и оделе на романтични вечери. Но, на границата помеѓу Турција и Сирија пристигнале во погрешно време, кога таму се регрутирале нови членови на ИД, а Сали раскажува дека не знаела оти тоа подрачје е толку опасно.

Исто така, таа раскажува дека штом стигнале и се пријавиле во хотелот, се се променило, а особено Елхасани. Сали раскажува дека целата таа романтика била лажна за да ја донесе во калифатот.

– Ме третираше како куче, стана насилен и ништо не можев да направам, вели Сали.

Таа додава дека во тој момент се плашела да побара развод или да се обиде да си оди дома. Ѝ било јасно дека Елхасани се приклучил на ИД и дека од неа очекувал послушност.

Сали раскажува дека ја тепале, мачеле, ѝ го ограничувале движењето и неколку пати ја силувале. Останала трудна и за тоа време била затворена поради наводна шпионажа за САД.

Откако ја ослободиле се вратила во малата куќа, каде што живеела со децата, а Елхасани повремено се враќал дома по борбите.

Еднаш ѝ рекол дека ќе ѝ купи слуга за да ѝ биде полесно и да не биде сама по што ја однел на пазар за робови. Раскажува дека таму ја видела Соад, 17-годишно девојче кое што било заробено и продавано за 10 илјади долари. Таа го убедила сопругот да ја платат со парите што ги донеле од САД и да ја одведат дома.

– Не ми беше грижа за парите, морав да ја спасам, вели Сали.

Но сопругот Елхасани наскоро започнал да ја силува. Потоа тој купил уште една девојка, уште помлада, која се викала Бедрине, а купиле и момче Ахам кој им бил слуга.

На прашањето дали денес ѝ е жал или се осеќа виновно за силувањето на тие девојки, таа вели дека тие работи се случувале насекаде и дека знаела дека таа ќе може да им помогне, доколку Елхасани загине во борба.

– Никој не знае како е кога мораш да го гледаш својот сопруг како силува 14-годишно девојче. И кога после тоа таа ќе дојде за да ве гушне и да плаче, а вие мора да ѝ кажете дека се ќе биде во ред и да истрпи, раскажува Сали.

По неколку одвратни ситуации во кои борците на ИД тепале и деца, промената се случила кога Рака била бомбардирана од дрон. Во тој напад загинал и нејзиниот сопруг, по што целото семејство побегнало од Рака.

Девојките кои ѝ биле слуги завршиле во бегалските кампови, каде што се сретнале повторно со нивните семејства. Сали раскажува дека сега, иако е уапсена и ја чека одлуката на САД, може полесно да дише и се чувствува слободно. Во прилог ѝ одат и сведочењата на нејзините пријатели во САД, кои потврдуваат дека Сали никогаш не била радикална, ниту пак имала исламистички или противамерикански ставови.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија