ВМРО-ДПМНЕ: Најголем дострел на Шилегов е промоција на автобуска постојка, садење на зумбули и љубичици

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, станува градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, садење на зумбули и љубичици и потпишување на меморандуми за соработка.

Но зад потпишувањето на меморандумите за соработка за времено користење на автубус на гас и на електричен погон со компании се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и директно однапред преудицирање доколку во понатамошна постапка има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.

Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога незнае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?

Можеби пак целокупниот процес на потпишување на меморандуми преставува само залажување на јавноста дека би можело да се набават автобуси.

Што се однесува за субвенциите за велосипеди, Шилегов оваа година ги намали и субвенциите за велосипедите и од минатогодишните 4.000 денари за велосипед, оваа година предвиде 3.000 денари за велосипед.

На крај добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов?“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ