Изложба „Традициите и современоста на Татарите – полските муслимани“ во Чифте амам

Од:

Во галеријата „Чифте амам“ во Скопје отворена е изложба насловена „Традициите и современоста на Татарите – полските муслимани“.

Изложбата, која е во реализација на Подласки музеј во Бјалисток и Врховниот муслимански колегиум на Муслиманската верска заедница во Република Полска, ја прикажува историјата на присуството на Татарите на територијата на Полска, започнувајќи од крајот на XIV век до денес.

– Тоа е концизна и визуелно атрактивна презентација на татарското присуство на територијата на некогашното Големо Кнежество Литванија, духовниот и општествениот живот и на придонесот на татарската заедница за развојот на културата и јакнењето на полската државност, се наведува за поставката.

Водечки теми на изложбата се: религијата преку прикажанана богата иконографија на џамии, мизари (муслимански гробишта), религиски книги, молитвеници, како и воена служба, односно презентацијата на учеството и улогата на Татарите во важни битки и војни во редовите на полски воени единици, вклучувајќи ги и борбите за независност, полско-болшевичката војна од 1920 година и Втората светска војна.

На посетителот му се дава и поглед кон општествениот и културен живот на Татарите во периодот меѓу двете светски војни, меѓу другото, формирањето на Муслиманската верска заедница во Република Полска, историја на полските Татари по 1945 година со опис на центрите на верскиот живот, местата со најголема концентрација на татарско население, религиозните и кулинарските традиции, како и појавата на нови молитвени домови.

Автори на изложбата се Луцина Лешиш и Барбара Павлиц-Мишкјевич.

На отворањето на изложбата вчера присуствуваа полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски, претставници на дипломатскиот кор како и делегација од локалната самоуправа на Подлаското Војводство и од Подласкиот музеј во Бјалисток во Полска. Настанот беше згогатен со настапот на фолклорниот ансамбл „Македонија“.

Подласкиот музеј во Бјалисток е најголема музејска установа во Подлаското Војводство. Се занимава со собирање, заштита и популаризација на историското и културното наследство на градот Бјалисток, регионот Подлаше и североисточна Полска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски