„Јадеме месо од добиток со рак“ е насловот на текстот напишан во веесникот Вест, во која стои дека месото кое е заклано во легална кланица е безбедно, но не се знае во колкави количини се продава месо од животните кои се колат без ветеринарна контрола.
„Според извештајот на Агенцијата за храна и ветеринарство, за заклани животни и добиено месо, ветеринарните инспектори минатата година, во легалните кланици конфискувале над 481 тон заболени трупови и внатрешни органи, објавува весникот. Најмногу неупотребливо месо и органи, според извештајот, имало кај свињите и прасињата, над 48 тони“, пишува весникот.