Верстапен: Немам потреба од психолог

Од:

Младата ѕвезда на Формула 1, Макс Верстаден изјави дека ќе ја задржи својата агресивност на патеката и нема намера да побара помош од психолог. Пилотот на Ред Бул додаде дека ќе се обиде подобро да ги проценува ситуациите во иднина, отколку што го правел тоа досега.

Дваесет-годишниот Холанѓанец повторно влезе во видното поле со своите ризични маневри на патеката, откако во Гран При на Кина се удри во болидот на Себастијан Фетел (Ферари), со кого се бореше за третото место. На крајот, Германецот заврши 8-ми, а Макс беше казнет и потроши шанса да застане на подиумот за прв пат во сезоната.

По трката, таткото на Макс, поранешниот Ф1 пилот, Јос Верстапен го критикуваше јавно својот син за фактот дека тој „не ја користи својата главата“.

– Тој немаше шанси да го претекне Фетел во овој момент. Тоа едноставно не беше можно. Станува збор за погрешна проценка, рече Јос.

Макс покажа атипична смиреност и ги прифати сите забелешки.

– Дефинитивно не беше мојата најдобра трка, но веќе не треба да се размислува за неа. Ја научив лекцијата и гледам напред. Јас нема да станам помалку агресивен, туку подобро ќе ги проценувам ситуациите, рече пилотот на Ред Бул пред холандските медиуми.

Верстапен рече дека не ги слушал критиките и му биле важни само мислењата на неговиот татко и советникот во Ред Бул, д-р Хелмут Марко.

– Ова се луѓе кои ја познаваат материјата и разбираат како се случуваат работите.

На прашањето дали му треба психолог, Макс вели: „Не ми треба психолог. Дали спијам добро? Јас секогаш спијам добро“.

Во првите 3 старта сезонава, Верстапен освои 18 поени, кои му го носат 8-то место во генералниот пласман. Лидер е Себастијан Фетел со 54, следен од Луис Хамилтон (Мерцедес) со 45 и Валтери Ботас (Мерцедес) со 40.

Тимскиот колега на Верстапен – Даниел Рикиардо е четврти со 37 поени.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур