Репрезентациите на Франција и на Данска постигнаа очекувани победи и ја оправдаа улогата фаворит во осминафиналето на Светското првенство во Шпанија што синоќа беа на програмата.
Во Барселона во салата „Сант Жорди“ светскиот шампион Франција ја победи селекцијата на Исланд со 30:28 (15:14), додека во Сарагоса европскиот првак Данска славеше против Тунис со 30:23 (16:11).
На првите два осминафинални дуели: Македонија – Германија 23:28 и Русија – Бразил 27:26.
Денеска на програмата се другите осминафинални дуели.
Во Барселона играат: Словенија – Египет (почеток 19 часот) и Унгарија – Полска (21:30).
Во Сарагоса двојките се: Шпанија – Србија (19 часот) и Хрватска – Белорусија (21:30 часот).
Во четвртфиналето двојките се:
Германија – победник од натпреварот Србија – Шпанија
Русија – победник од натпреварот Словенија – Египет
Франција – победник од натпреварот Хрватска – Белорусија
Данска – победник од натпреварот Унгарија – Полска.