Францускиот морепловец, кој поминал три дена плутајќи на сплав по бродската несреќа, го спасил екипаж од брод во јужниот Океан во близина на брегот на Австралија.
Французинот Ален Делор, тргнал сам со неговата јахта да го обиколи светот, кога пред два дена настанале проблеми, на околу 500 наутички милји од островот Тасманија.
За текот на олујното невреме бродскиот јарбол се скршил поради што морал да ја напушти јахтата и повеќе од три дена поминал на сплавот за спасување, наведе агенцијата Франс прес.
Брод кој крстарел низ Антарктикот со околу 100 патници, врз основа на податоците од австралиските поморски власти, го лоцирал и спасил французинот и покрај лошите временски услови.
Делор е на безбедно и не е повреден, наведоа австралиските власти.