Николовски: Искористувањето на ИПАРД еден од приоритетите

Од:

Детално го разгледавме Извештајот на ЕК кој се однесува и на нашиот сектор. Особено е значаен нотираниот напредок, особено во делот на безбедноста на храната. Потенцирани се и состојбите во ИПАРД Програмата каде навистина сме фокусирани, со цел зголемување на капацитетите на Платежната агенција, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Овие денови, дополни, почнаа со работа нови луѓе во Агенцијата, а до крајот на годината ќе продолжиме со целосно зголемување на нејзиниот персонален и стручен капацитет.

– До крајот на годината ќе ги акредитираме и новите мерки кои ќе значат птворање нови можности. За следните два огласа до крајот на 2018 гледаме да ги отстраниме сите административни и други пречки кои постоеја претходниот период и беа бариера за забрзано процесуирање на апликациите, потенцира министерот.

Радува фактот, истакна, тоа што е дратсилно зголемен интересот за ИПАРД, со оглед дека на првиот оглас од ИПАРД 2 објавен минатата година се поднесени над 1.600 барања.

– Фитосанитраната политика ќе биде исто така еден од сегментите на кои ќе се посветиме и кои се нотирани како една од слабостите подолг временски период. Но, интензивно работиме и на носењето на новата законска регулатива во фитофармацијата и подзаконските акти. Целокупно во сектоорт ќе ги следиме сите препораки што ние беа дадени од ЕК, рече Николовски, подвлекувајќи дека капацитетите на МЗШВ ќе бидат максимално насочени кон земјоделството, руралниот развој и искористувањето на ЕУ фодновите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци