Во Куманово изложба на дела од Фестивалот на афоризмот и карикатурата Струмица 2018

Од:

Изложба на дела од 19. Интернационален Фестивал на афоризмот и карикатурата Струмица 2018 ќе биде отворена вечер во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Изложбата содржи 24 експонати со карикатури од повеќе автори, а проектот е во организација и координација на НУ Центар за култура “Антон Панов“ – Струмица. На изложбата учествуваат 24 автори од повеќе држави од Европа и светот. Претходно се доделени награди за најдобри афоризми и карикатури.

– Ги покануваме сите љубители на карикатурата и афоризмите да дојдат да ја проследат изложбата која со години наназад гостува во Куманово, благодарение на одличната соработка со струмичкиот Центар за култура, изјави, директорот на кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски