Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог – законот за финансиска поддршка на инвестиции во второ читање, измените и дополнувањата на законите за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост и за акредитација, сите во второ читање.

Законодавно-правната комисија во рамки на 64.седница ќе расправа за измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, како и за измените на законите за санитарната и здравствената инспекција, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, за лековите и медицинските средства, сите во второ читање.

По завршување на оваа седница, Законодавно-правната комисија ќе ја одржи и 60. седница на која ќе стане збор за измените и дополнувањата на законите за електронско управување, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за основање на Македонска радиодифузија, за животната средина, за заштита на природата, за финансиска поддршка на инвестиции, за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост…

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра