Барикело: Имам среќа што сум жив

Од:

Поранешниот возач во Формула 1, Рубенс Барикело, во интервју за една бразилска телевизија откри дека има среќа што е жив, откако му бил дијагностициран тумор на вратот.

Во февруари итно бил пренесен в болница со силни главоболки, а по неколку дена со операција му бил отстранет туморот.

Барикело во текот на интервјуто првпат јавно ја покажа големата лузна на левата страна, која му останала по операцијата.

– Направив повеќе прегледи за да дознаам за мојата здравствена состојба и по трката, што ја возев на Интерлагос, ми беше откриен мал тумор на вратот. Иако стануваше збор за бениген туморот тој ќе се зголемуваше се повеќе и повеќе, нагласи бразилскиот возач.

Тој наведе дека докторите му објасниле дека нема да има долгорочни и тешки последици.

– Кога ја напуштив болницата, ми кажаа дека само 14 отсто од луѓето се извлекле од ситуација во каква што сум бил јас. Многумина имаат тешки последици или умираат, истакна Барикело.

Легендариот возач во текот на 19-годишната кариера настапуваше за Џордан, Стјуарт, Ферари, Хонда, Брон и Вилијамс. Оствари 11 победи, а вкупно 68 пати се искачи на победничкиот подиум.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур