СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да собере сили и да ги поздрави позитивните вести за Македонија

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија.

Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ особено во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани.

За разлика од последните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена, а Македонија карактеризирана како „заробена држава“, овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ.

Со тоа уште еднаш се потврдува исправноста на политиките на парламентарното мнозинство и на Владата предводена од СДСМ.

Наместо преку неосновани напади да се обидува да фрли сенка на уште еден успех во евроинтеграцијата на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се приклучи кон реформскиот процес и да даде поддршка на реформите што ја движат Македонија напред и се во интерес на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски

СДСМ: Скопски маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите