Мирен протест утре во Прешево

Од:

Во Прешево утре е најавен мирен општонароден протест пред општината, на местото каде што беше поставен споменикот на припадниците на ОВПМБ.

Одлука за одржување на протест донеле политичките лидери од Прешевската долина на денешната средба одржана во општината во Прешево, пренесува порталот Албеу.

Тие од заедничка прес-конфереција упатиле апел  до албанската популација од овој регион за воздржаност и зачувување на ладнокрвноста и побарале  да не подлегне на други провокации, јави дописникот на МИА.

Политичките претставници на Албанците од Прешевската Долина  не искажале други политички ставови во врска со тензичната ситуација по отстранувањето на споменикот.

Претседателот на општина Прешево Рагми Мустафа изјави дека ги прекинуваат контактите со централните српски власти  по „вандалскиот чин на отстранување на споменикот“  и оти не се знае, според него дестинацијата на овој историски споменик на Албанците од овие простори.

Помала група граѓани додека се одржувала средбата се собрале кај местото каде што бил споменикот, го обележале со црвена лента и запалиле свеќи.

Во меѓувреме, по осудата од владите на Тирана и Приштина, отстранувањето на споменикот го осуди и албанската опозициска Социјалистичка партија.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад