Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии Драган Тевдовски, попладнево оствари средба со претставничката на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи.
На средбата премиерот Заев ги истакна позитивните вести кои денес Македонија ги доби од Брисел, нагласувајќи дека тоа е од големо значење за граѓаните на Република Македонија и нивната европска иднина.
Тој исто така изрази задоволство и благодарност за активното присуство и работата на ЕБРД во регионот, со што дава значаен придонес во поттикнувањето и одржувањето на развојот на Република Македонија на полето на инфраструктурата и енергетиката, гасификацијата и развојот на општините во Република Македонија, како и одржувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Посебно беше поздравена петнаесетгодишната поддршка која Македонија ја добива од оваа банка, и беше изразена спремност за заедничка работа и имплементација на идеи и проекти од областа на инфраструктурата, железницата, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, кои би ја продлабочиле и би ја направиле по плодна постоечката соработка.