Перкс: Неопходно е да се создаде опкружување кое не толерира насилство

Од:

„УНИЦЕФ со загриженост ја следи состојбата со насилството врз и помеѓу децата во земјата. Неодамнешниот инцидент во кој се вклучени ученици од основното училиште „Гоце Делчев“- Неготино е неспорен доказ за потребата повторно да се разгледаат начините на кои образовниот систем и целата заедница постапуваат во однос на насилното однесување.

Насилството во училиштата е првенствено одраз на тоа што се случува дома, но и на тоа што се случува во целата заедница. Седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години во земјата се дисциплинирани дома со насилни методи – физичко казнување или психолошка агресија. Децата кои имаат доживеано постојано малтретирање (bullying) или други форми на насилство на училиште е многу поверојатно да бидат насилни дома, но и да страдаат од долгорочни психолошки последици. Малтретирањето (bullying) честопати е повик за помош. Децата кои се служат со насилство честопати и самите се жртви на насилство.

За да се создадат училишта во кои нема насилство неопходно е да се создаде опкружување кое не толерира насилството. Кога зборуваме за создавање безбедна училишна средина, мислиме на создавање позитивна училишна клима во која се создаваат позитивни односи и каде сите членови на училишната заедница се чувствуваат почитувано, безбедно и сигурно. Од податоците од други европски земји постојат сознанија дека кога на насилството во училиштата се одговара со зголемена контрола и санкции има мали шанси проблемот да се реши на долг рок.

За да се постигне безбедна училишна средина неопходно е да се јакнат капацитетите на наставниците за спречување насилно однесување. Наставниците кои применуваат превенција и поддршка наспроти контрола и казнување им помагаат на учениците да развиваат комуникациски и емоционални вештини, градење самодоверба и капацитет за емпатија.

Исто така, треба да се воспостават механизми за интервенција во случаите на насилство за да се спречи повторна појава на насилство.

И на крајот, ситуацијата бара да се зајакне соработката помеѓу институциите и организациите. Безбедни училишта не се случуваат сами по себе, туку се создаваат и одржуваат од луѓе кои се посветени на обезбедување позитивни односи и опкружување полно со почит. Тие луѓе ја претставуваат целата заедница во училиштето – децата, наставниците, училишниот кадар, родителите и пошироката заедница“ се вели во соопштението на претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел