Заев: Ниту во разговорите ниту во СМС пораките нема договарање на поткуп

Од:

На денешното двочасовно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, без присуство на јавноста во Кривичниот суд беа преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и беа прочитани и СМС пораките.

По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС пораките немало договарање на поткуп.

– Апсолутно нема ништо што е поврзано со обидите за да бидам осомничен како лице кое земало поткуп или правело напори да земе поткуп. Во сите овие разговори зборуваме со службеници од општина Струмица, како и со Иван Николов за да се забрзаат постапките, како течат постапките со сите процедури и конечната цел е да се заврши работата која што странката ја има пред општината, рече Заев.

Посочи дека знаел какви може да бидат разговорите и оти се е комплетно чисто.

– Комплетно е чисто. Јас и знаев какви може да бидат разговорите, заради тоа кога немате ништо ни помислено, не можат да бидат и други разговорите, додаде премиерот.

Прецизно во сите постапки и во сите телефонски разговори, како што рече, станува збор само за завршување на предметите.

– Доказ е дека одредени предмети веќе се завршени и во тој период никој не побарал ниту пари, ниту било што и тоа само по себе потврдува дека се работи за монтиран процес, истакна Заев

Адвокатите на Заев рекоа дека Апелацискиот суд се уште нема донесено одлука по жалбата на Обвинителството и не се знае дали јавноста ќе може да ја слуша и да ја види целосната снимка, чии делови веќе беа објавени на Јутуб и која е доказ во оваа постапка.

Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен