СДСМ: Скапоцениот партиски дворец е единствената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Скапоцениот барокен дворец во којшто е сместена ВМРО-ДПМНЕ е единствената инвестиција за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на оваа партија.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и нема капацитет да разбере дека заврши времето кога таа партија го уценуваше стопанството и насилно се преземаа компании преку офшор сметки.

Политиката не се меша во бизнисот и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи оваа лекција .

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога за привлекување странски инвестиции се потрошија 225 милиони евра пари на граѓаните за скапи и неефикасни роуд шоуа и рекламни кампањи, Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст, за само десет месеци обезбеди влез на 10 нови инвестиции, без да потроши денар од Буџетот.

Планот за економски раст е јасен, бенефит ќе имаат сите компании, со јасно утврдени критериуми коишто важат за сите инвеститори подеднакво.

Наместо да се занимаваат со бројката на странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат себеси, да се извинат за сите штети што ги создадоа за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење и конечно да се дистанцираат од погубните политики на Никола Груевски. Тоа е во интерес на економијата, граѓаните и државата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски