Поставен асфалт и нов водовод на улица „Бигла“

Од:

Повеќе деценискиот проблем на жителите на улицата „Бигла“ е решен. Нема да се движат по кал и прашина, колите нема да ги уништуваат од ударните дупки и конечно добија осветлена улица.

Општина Цетар целосно ја реконструираше улицата по 50-тина години, поставен е нова водоводна мрежа со нови приклучоци и 800 м2 нов асфалт. Поставени се и нови канделабри со лед диоди.

Граѓаните му раскажаа на градоначалникот Саша Богдановиќ, кој беше да види како се одвиваат работите, дека пред 5 години сами си поставиле канализациска мрежа, но останал тампонот и бетонот од времето на Тито. Нивните родители во минатиот век, во 1979 година, со писмо до Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на општина „Центар“,апелираат и потсетуваат да им се среди улицата, бидејќи недозволиво е да голтаат прашина среде Скопје.

Улицата „Бигла“ се наоѓа спроти Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории