ЛДП: Дали пастирот се исплаши од сопствениот народ па бара да го чуваат 6 лица?

Од:

Либерално – демократската партија најостро се спротиставува на донесувањето на прелог измените на законот за Влада.

Укажуваат,  во ситуација кога опозицијата, на најбрутален начин, е  исфрлена од Парламентот, непосредно пред паузата  за подготовки и кампања за локалните избори, на мала врата, по скратена постапка во собраниска пороцедура само пред пратениците од власта, на утрешната седница ќе се најдат измените на Законот за Влада. Со овие измени, премиерот и по престанокот на функцијата, покрај возач и службено возило, си обезбедува шест  лица за негово лично обезбедување кои сам ќе си ги избира.

„Ако се земат во предвид времето и условите во кој треба да се донесе Законот, логично може да се заклучи дека Груевски, не само што се подготвува за заминивање од функцијата туку и највероватно направил нешто поради што му е потребно обезбедување.Прашуваме дали  пастирот, или како што самиот се нарекува најомилениот премиер, се исплаши од сопствениот народ па бара да биде чуван од шест лица и тоа онолку долго колку што,  тој смета дека е потребно да се заборават сите неправди кои и ги нанесе на Македонија со своите погубни политики“, стои во соопштението на ЛДП.

ЛДП бара,  Законот да се симне од дневен ред затоа што смета  дека ова е крајно недоличен предлог и ваков пример нема во ниту една демократска земја.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ