Груевски: Жалам што Грција ја одби иницијативата на Филе, ние сакаме динамика и решение

Од:

Жал ми е што Грција го одби предлогот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба. Колку што можев да разберам Филе немаше намера да го субситуира делувањето на Метју Нимиц и на Обединетите нации, туку сакаше да помогне во целата работа. Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет.

Тој посочи дека од наша страна веднаш е прифатена неговата иницијатива, но за жал Грција ја одби.

– Ние пристапивме со добра волја, намера и верба, како што и пристапувавме во минатите години, но за жал другата страна не ја препозна добрата намера на Филе и колку што можевме да забележиме го одби. Ние ќе продолжиме со добри чекори, затоа што сме држава која сака да го реши овој проблем и добро е што тоа се гледа на некој начин кој прифаќа иницијативи за решавање, а кој одбива иницијативи за решавање, рече премиерот.

Филе, како што додаде, не е било кој, тој е комесар во Европската унија. – Тој сигурно на своја рака не го направил тоа, сигурно имал консултации со неговиот претпоставен, со Баросо, и на некој начин мене ми е жал што Грција ја пропушти оваа можност за правење чекор напред, доближување на односите, доближување во релациите и можеби во изнаоѓање на некоја нова идеја која ќе помогне во доаѓање до решение, нагласи Груевски.

Премиерот изрази надеж дека и понатаму ќе има иницијативи од различни страни и, како што рече, што се однесува до нас ние секогаш ќе имаме иницијативи и расположеност, волја и верба во правец на решавање на овој проблем.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба