Заменик претседавачот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума, Владимир Џабаров изјави дека Русија ќе бара одржување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН, на кој ќе се разговара за ракетните напади на САД, Велика Британија и Франција врз сирија, јавуваат руските медиуми.
– Во моментов трае анализата на ситуацијата. Русија ќе бара состанок на советот за безбедност, изјави Џабаров.