Околу 14 часот вчера во гевгелиското село Миравци по претходна семејна расправија Д.С. (50) ја полеал со бензин и ја запалил неговата сопруга Ж. С.(43), која со возило на Итна медицинска помош во критична состојба била пренесена во Медицински центар-Гевгелија, од каде е префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од полицијата во Гевгелија, истражен судија и јавен обвинител. Против Д.С. е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.