Хамилтон најбрз на двата тренинга во Шангај

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз на двата слободни тренинга во Шангај пред трката за Големата награда на Кина, која се вози в недела.

Иако тренинзите поминаа во знак на британскиот возач, сепак на втората сесија, која се смета за поважна од првата, неговите конкуренти покажаа подобри резултати.

Хамилтон оствари време од една минута, 33 секунди и 482 илјадитинки, а на второто место беше Кими Раиконен од Ферари за само седум илјадити делови побавен. Валтери Ботас од Мерцедес беше трет само со 33 илјадитинки полошо време.

Себастијан Фетел од Ферари на првиот тренинг заврши шести, а на втората сесија освари подобрување и беше четврти.

Пред крајот на вториот тренинг почна да врне дожд, поради што возачите помалку се задржуваа на патеката.

По две трки сезонава Фетел има максимални 50 бодови, а Хамилтон е втор со 33.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур