Кумановската фирма „Простор“ ќе ја изработува документацијата за гасификациската мрежа во Штип

Од:

Кумановската фирма „Простор“ ќе ги изработува идејниот и основниот проект за изградба на секундарна гасификациска мрежа во Штип, соопшти градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Одлуката е донесена откако се одржа јавната електронска аукција на која учествуваа вкупно пет фирми.

– Јавната аукција е завршена, со што најевтина беше компанијата „Простор“ од Куманово, која што е подготвена и дала понуда за 700.000 денари да ја испроектира гасификацијата на градот Штип. Ова значи дека цената која што претходно ни беше предвидена, од таа цена, оваа цена е доста пониска и сумата е намалена, со што изведувачот во рок од три месеци треба да го заврши идејниот проект и дополнителни уште три месеци да го заврши и основниот проект за гасификација, вели Бочварски.

Тој забележа дека според најавите од фирмата градот Штип веќе до крајот на годината ќе ја има комплетната документација за изградба на секундарна гасификациска мрежа, а на почетокот на 2019 година се очекува да се постави и првата цевка од оваа мрежа.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“