Рекорден број странски играчи во плејофот во НБА

Од:

Рекорден број од 62 меѓународни играчи од 33 држави ќе играат во НБА плејофот што почнува овој викенд, објави денеска лигата.

Во соопштението на НБА се вели дека сите 16 тимови кои се во плејофот на Источната и Западната конференција ќе имаат најмалку еден играч во странство.

Јута Џез и Филаделфија 76-ки ја предводат „странската легија“ со седум играчи од странство, додека Бостон Селтикс, Торонто Рапторс и Сан Антонио Спарс имаат по шест такви играчи.

Од Франција и Австралија има по седум играчи, потоа Канада и Шпанија (по четири), додека Турција, Хрватска, Камерун и Бразил имаат по три.

Триесет и шест европски играчи ќе играат во плејофот, вклучувајќи го и четирикратниот НБА шампион од Франција, Тони Паркер, кој ќе го оствари својот 17-ти по ред плеј-офот, со натпревар за Сан Антонио.

Претходниот рекорд за играчи од странство во плејофот – 60 – беше поставен во 2007 година.

Натпреварите за плејофот во НБА почнуваат в сабота – Голден Стејт Вориорс ќе бидат домаќини на Сан Антонио Спарс.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот