Трамп му наредил на Кадлоу да најде начин САД да се вратат во пацифичкиот трговски блок

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отворил можноста САД сепак да бидат дел од Транс-пацифичкото партнерство (ТПП), џиновскиот трговски блок на земјите кои излегуваат на Пацификот.

Трамп нареди повлекување од преговорите за ТПП, како дел од неговата кампања за заштита на американската индустрија од странска конкуренција. Но, при неодамнешен состанок во Белата куќа, Трамп му наредил на својот нов економски советник Лери Кадлоу да изнајде начин како САД сепак може да се вратат во договорот.

Двајца сенатори од Републиканската партија кои присуствувале на состанокот ја потврдија оваа вест за „Вашингтон пост“.

Трамп жестоко го критикуваше неговиот претходник Барак Обама за договорот, и нареди повлекување од ТПП уште на почетокот на својот мандат. Земјите – членки на ТПП најавија дека ќе продолжат со своите преговори и со укинувањето на меѓусебните пречки во трговијата дури и без САД.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари