Џафери: Германија е силен поддржувач на обединувањето на европскиот континент

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Комисијата за прашања на Европската Унија од Бундестагот на Сојузна Република Германија, предводена од претседателот на Комисијата, г. Гинтер Крихбаум, во придружба на г. Харалд Вејер и г. Томас Хакер.

Џафери ги констатираше одличните и континуирани интензивни билатерални односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, и го поздрави фактот што Германија покрај тоа што е силен поддржувач на обединувањето на европскиот континент, исто така е и најголем трговски партнер и еден од најголемите развојни билатерални партнери на Република Македонија.

Во рамките на одбраната, соработката е на исклучително високо ниво и благодарение на нејзината поддршка, Македонија започна активно да учествува во мировните мисии „ИСАФ“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Покрај тоа, претседателот на Собранието на Република Македонија ја поздрави иницијативата на канцеларката Меркел за Берлинскиот процес, чија цел е да се внесе поголема динамика во евроинтегративниот процес и поголемо економско и инфраструктурно поврзување на земјите во регионот, а и отворањето на младинската канцеларија РИКО во Тирана, според француско-германскиот модел за постконфликтно помирување во регионот.

Во делот на парламентарната соработка, Џафери ги инфомираше за ИПС програмата на стажирање на млади кадри во германскиот Бундестаг, а ги информираше присутните и за актуелните реформски процеси во Собранието на Република Македонија и заокружувањето на пакетот реформи кои произлегуваат од Планот 3-6-9 со поддршка на опозицијата.

Во продолжение зборуваше и за преземените чекори во насока на подобрувањето на добрососедските односи со Република Бугарија и Република Грција.

Господин Крихбаум, заблагодарувајќи се на можноста за реализација на денешната средба, особено позитивно се изрази за ИПС програмата и за можноста стипендистите да посетуваат обука во Собранието на Република Македонија пред нивното заминување во Германија. Тој повика на поголема соработка со опозицијата и на политички дијалог во однос на евроинтегративните процеси, за кои треба да постои наднационален и надпартиски интерес меѓу сите политички чинители, што пред сè оди во прилог на младите генерации во земјата и нејзината европска перспектива.

На крајот на средбата, г. Крихбаум ја потврди поддршката на Бундестагот во кој мнозинството пратеници се за евроинтеграциските процеси, а и генералната поддршка на Сојузна Република Германија за членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година