Нетфликс ќе го бојкотира Канскиот фестивал

Од:

Нетфликс годинава нема да учествува на Канскиот фестивал, изјави извршниот директор на компанијата Тед Сарандос во интервју за „Вараети“.

Одлуката следи откако организаторите на фестивалот забранија филмови што веќе биле прикажани на телевизија да влезат во конкуренција за наградите. Платформата, сепак, нема да ги бојкотира филмовитe потоа.

– Ние сакаме нашите филмови да имаат фер услови. Тие (организаторите) си го кажаа своето. Не би било добро за нас да бидеме таму, смета Сарандос.

Нетфликс како продукциска компанија на фестивалскиот натпревар лани остави силен впечаток со своите два филма – „Окја“ и „Приказните на Мајеровиц“.

Би можело да ве интересира

Во Кан денеска ревија на филмови и награда во чест на Димитар Николов-Таки

Ана Ололовска

Отворен 74. Меѓународен филмски фестивал во Кан

Ана Ололовска

Во Кан вечерва почнува 74-от Меѓународен филмски фестивал

Ана Ололовска

Кан „едвај чека“ на стартот на филмскиот фестивал по „ужасната“ година

Ана Ололовска

Агенцијата за филм застапена со е-павилијон на Филмскиот маркет на Канскиот фестивал

Ана Ололовска

Ален Делон прими награда за животно дело

Ана Ололовска