Владата на Заев го преживеа гласањето за недоверба

Од:

Опозицијата не успеа да обезбеди 61 глас колку што се потребни за да се изгласа недоверба на Владата. На денешната седница за интерпелација 40 пратеници гласаа „за“, 62 „против“, а двајца беа воздржани. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатираше дека по целодневна рапсрава, Собранието не ѝ изгласа недоверба на Владата.

Барањето за гласање го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако првично беше потпишано од 41 пратеник, на барањето се потпишал и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, со што до Собранието беше доставено со 42 потписи.

Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците. Во интерпелацијата, исто така, е наведено дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.

Интерепелацијата беше прв чекор што го презеде ВМРО-ДПМНЕ, кога партијата одлучи да се врати во Собранието.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски