Димовски до СДСМ: Доста кукате, нели имавте план за живот?

Од:

Доста кукате, на избори кажавте дека имате план за живот, вели пратениот Илија Димовски обраќајки им се на пратениците од владејачката партија. Тој констатираше дека денес сите дискусии биле за тоа дека новата влада затекнала многу тешка ситуација. Тој ги праша пратениците на СДСМ дали имале план, при што им препорача дека требале да научат дека 10 месеци се на власт.

„Се зависи од вас. Ќе го прифатите тоа, ќе ги менувате работите или ќе продолжите со тоа што оставила претходната влада? Денешната интерпелација како да заврши, ќе е успешна од политички аспект. Денешните пратеници кои имаа пофалба за оваа влада, за две-три недели ќе променат министри, кои не знаат да работат или ги мрзи. За две недели ќе кажувате како новите решенија ќе донесат нов живот“, рече тој.

Според Димовски, главен фокус на пратениците од СДСМ е долгот на државата, по што тој тврди дека истиот е зголемен во изминативе 10 месеци.

„На крајот од минатата година долгот беше 3.831 милијарди евра. Денес е 3.958 милијарди евра. Според статистиката, она што го кажуваат процентите, е дека напумапниот раст е неточен. Државниот долг е зголемен, не намален. Ем велите дека враќате долгови, ем се зголемува. За време на изборите велевте дека кога ќе дојдете на власт, нема да се краде и ќе се зголеми буџетот. Е сега гледаме. Во првите два месеци имате капитални инвестици од 16 милиони евра. Минатата година капиталните инвестиции биле 49 милиони евра. За минатата година се вадите на одлуката за пренамена на средства. Тоа не е реална основа. Првите два месеци се репер за тоа колку ништо не правите и тоа ќе се одрази порано или подоцна. Сè уште сте во еуфорија. Штетно е за државата“, вели пратеникот Димовски.

Тој вели дека обврска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е да кажат каде греши владата, а дали тоа ќе биде прифатено од владејачкото мнозинство, останувало на нив.

„Ем не крадете, ем не правите, ем се зголемува долгот. Нема логика. Филм да снимаме не може да биде ова. Сензибилитетот на граѓаните е високо кренат, со вакви позиции падот на вашата влада ќе биде многу, многу брзо“, рече Димовски, обраќајки му се на премиерот Заев.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието попладнево ќе расправа за одобрување притвор на Димовски

(ВИДЕО) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Наум Локоски

Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на новите амбасадори на Естонија, Гана, Уганда и на Малта

Наум Локоски

Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски си изгласаа амнестија

Наум Локоски

Димовски на состанок на националните координатори на Процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа

Наум Локоски

Димовски со „забеган, фанатичен и романтичен“ предлог: Да се определи рок до кога ќе важи промената на името

Наум Локоски