Серија земјотреси во битолско-преспанскиот регион

Од:

Серија од дваесетина земјотреси со епицентри во преспанско-битолскиот регион регистрираа во текот на ноќта апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово.

Најсилниот бил во 22 часот и 49 минути, со епицентар на 20 км западно од Битола, со интензитет од 5 до 6 степени според Европската макросеизмичка скала-1998, во поширокиот преспанско-битолскио регион со интензитет од 4 до 5 степени според истата скала, а во останатите места на југозападниот дел од Македонија – со послаби интензитети.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, по земјотресот синоќа, следувале уште два изутрината во  2 часот и 8 минути и во 3 часот и 16 минути.

– Со епицентри од истиот регион беа почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала-1998, соопшти Опсерваторијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Земјотрес во Русија

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Горан Наумовски