Приоритетните прашања за промена на Законот за работни односи на инфо-сесија во Кочани

Од:

Законот за работни односи треба да претрпи измени со кои треба да се опфатат прашањата за флексибилното работно време, работењето од дома, особено во ИТ секторот, како и потребата од волонтери и нивните права кои сега и не се опфатени со законската регулатива. Исто така, треба да се разјасни и терминот пробна работа и неговото спроведување во практика, за да не се искористува во негативен аспект.

Ова беа дел од прашањата за кои стана збор на инфо сесијата на тема „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи“ што со претставници од микро, мали и средни претпријатија од регионот на Кочани се одржа во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал.

– Законот за работни односи треба постојано да се доуредува, со што некои од одредбите ќе бидат недвосмислени и јасни во примената. Тој мора да се надградува со нови знаења бидејќи оваа област е динамична и подложна на чести промени, па неопходно е да се подобри законодавството, особено во релациите работодавач – работник и кај приватниот и кај јавниот сектор, истакна Александра Чавдаревска правник на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, во вредност од 1,9 милиони долари, а треба да ги адресира темите од областа на бизнис регулативата кои се неповолни и предизвикуваат притисок на малите и средни претпријатија.

Четири клучни партнери во проектот се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена