Ќе се санираат ударните дупки низ улиците во Неготино

Од:

Ќе се санираат ударните дупки низ улиците во Неготино. Во рамки на реализацијата на дел од Програмата за работа на општина Неготино за 2018 година почнаа подготвителни активности на неколку улици во градот, на кои ќе се врши санирање на ударните дупки, решетки и шахти.

-Активности се присутни на излезот од Неготино кон Кавадарци, во населбата Антигона, како и на други улици за кои од страна на стручните служби е оценето дека е потребно да се интервенира. Така, со тековните работи ќе се санираат ударните дупки, решетките и шахтите на улиците „Маршал Тито”, „Антигона”, „Ленинова” и „Гоце Делчев”, а работите ќе продолжат и на други улици во градот, информира Методи Митрев, портпарол во Општината.

Потребните финансиски средства ги обезбеди локалната самоуправа, а изведувач на активностите е фирмата “Изолација” од Скопје.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко