(ВИДЕО) Тунтев: Ова ли е враќање на ВМРО-ДПМНЕ на голема врата?

Од:

Оваа интерпелација е големо разочарување, очекував наместо за доверба на влада да дискутираме за реформите кои се спроведуваат, изјави Томислав Тунтев по образложението на опозицијата зошто бара гласање доверба на Владата.

„Ова ли е враќање на голема врата? Ова е само оправдување да се вратите во Собранието. После 4 месеци да дојдеа други пратеници ќе ми беше логично ова образложението за интерпелација, но вие сте истите кои пред 3 години слушнаа како владеела нивната Влада“, рече Тунтев.

Опозицијата денеска се врати во собранието по 4 месеци пауза. Барањето за гласање е поднесено од 42 пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ очекуваат вечерва пред полноќ да биде изгласана недоверба иако се потребни 61 глас.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа